На само неколку километри од Скопје: Двајца браќа живеат без огрев и пари, со исклучена струја

0

Откако останале и без мајката од пред една година постариот се грижи за помладиот брат кој има ментално заболување. Зимата ги затече без огрев, без пари, со исклучена струјата за неплатени сметки а постариот брат кој е со скршена нога сега не може да го остави сам помладиот за да оди на работа од страв да не предизвика пожар во трошната куќа. Оваа сторија ја објави „Канал 5 ТВ“.

Додека била жива мајката живееле од пензијата а сега преживуваат од неколкуте кози кои ги чуваат.

Се обиделе да побараат некаква помош од државата но немаат документи и не знаат како да се снајдат во лавиринтите на системот.

Апелираат до надлежните за социјални работи да им помогнат да остваруваат некаква минимална помош за да можат да преживеат.

Од министерството за труд и социјални работи кусо за Канал 5 само ни посочија дека ќе ги проверат податоците и дека ќе испратат теренска екипа на надлежниот центар за социјални работи.

Сите хумани граѓани кои сакаат да помогнат на било кој начин може да ги контактираат на телефонскиот број кај соседите на 076 595 751

Претходна статијаМинистерката Царовска раскажа лична приказна: И јас сум психопат
Следна статијаКозата Белка влегла во куќата и убаво се гостела: Изела 20.000 евра