Козата Белка влегла во куќата и убаво се гостела: Изела 20.000 евра

0

Семејството Симиќ од селото Раниловиќ во средиштето на Србија се одлучило да го прошири своето имање. Заштедата од 20.000 евра сакале да ја вложат во купување од 10 хектари земја. Но на денот кога требало да се изврши купувањето, козата Белка им го упропастила плановите.

„Станавме рано, ги пребројавме парите, требаше да дојде човекот од кој ја купуваме земјата за да потпишеме договор и да го исплатиме. Парите беа нна маса во дневната соба, а ние заминавме да појадуваме.

Мојот дедо излеза како и секое утро да ја нахрани стоката, но не забележал дека не ја затворил влезната врата.Тука се случи нашата несреќа. Козата Белка која има веќе неколку години, влегла во дневната соба и започна да ги јаде парите од масата“ изјави расплаканата Милена.

„Кога слушнавме шушкање и бука, сопругот стана од столот. За малку ќе добиеше инфаркт. Белка ги изеде сите пари, останаа уште само 300 евра. Мојот маж од тој ден ништо не говори. Само седи, молчи и гледа во една точка. Белка не зави во црно“ изјави Милена.

Претходна статијаНа само неколку километри од Скопје: Двајца браќа живеат без огрев и пари, со исклучена струја
Следна статијаНе е многу – „само“ 76,7 проценти од младите сакат да си заминат од Македонија