На изненадување на сите – Дарко Лазиќ го закажа својот прв настап

0

Пејачот Дарко Лазиќ деновиве се наоѓа на терапија на Институтот за рехабилитација каде оздравува од тешката сообраќајна несреќа. Здравјето на пејачот е подобро, а тој го закажал и својот прв настап. Имено, Лазиќ ќе настапува на прославата на овој институт која ќе се одржи на крајот на месецот. Лазиќ им ветил на раководителите на бањата дека ќе направи вистински спектакл и дека едвај чека повторно да се дружи со микрофонот.

„Бањата „Selters“ се подготувва за голема прослава која ќе се одржи на 21 декември. Штом дозна дека ќе има прослава, Дарко ги праша раководителите дали ќе може да пее на забавата. Управата беше воодушевена со одлуката на Лазиќ и истакна дека едвај чекаат да уживаат во песните на Дарко“ вели добро известен извор и додава:

„Дарко е многу возбуден поради настапот. Го покани својот бенд да го следи на својот настап. Едвај чека да пее и после 2 месеци повторно да ја почувствува публиката. Сепак, тој на најблиските им кажа дека има голема трема која е поголема од  кога се појави во „Ѕвездите на Гранд“.

Се плаши дека гласот ќе му пукне бидејќи долго  време не пеел, а сите му даваат поддршка велејќи дека нема место за паника“ вели изворот. За потсетување, Дарко и неговата свршеница Марина Гагиќ очекуваат бебе, а тоа беше мотивација плус за да оздрави Дарко.

Претходна статијаСвекрвата со свадбен подарок за снаата вреден 80 илјади долари
Следна статијаТања Кочовска раскажа: Мојот сон е засекогаш уништен