Тања Кочовска раскажа: Мојот сон е засекогаш уништен

Тања Кочовска е родена во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Од 1991 г. работи во Драмски театар – Скопје, во 1993 г. преминиува во Театар за деца и младинци – Скопје, а потоа во 2017 г. преминува во Македонски народен театар – Скопје.

„ Имав 16 години кога бев во зенитот на мојата спортска кариера. Бев несопирлива и нижев успеси, награди, на државно ниво. Две години подоцна, го запознав него. Бевме млади, среќни и во голема љубов. Сѐ додека не го видов неговото вистинско лице. Одеднаш стана брутален“, е дел од приказната која ја сподели актерката Тања Кочовска. Во видеото, кое е објавено на социјалните мрежи, таа понатаму вели:

„ Денес, денес имам 25 години, дете, оштетен слух и засекогаш уништен сон за учество на Олимпијада. Ја слушнавте вистинската животна приказна на Јана.

Но, во темница останаа уште илјадници нераскажани приказни за жени и девојки кои претрпеле родово базирано насилство. Нивниот глас, и нивната приказна треба да се чуе. Затоа „Слушни ја“ и приклучи се во кампањата против насилството врз жени и девочиња“, рече популарната актерка.

Тања, заедно со Анета Кочишки, Амернис Нокшиќи и други познати жени ја поддржа кампањата „Слушни ја – 16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња.“

Поврзани вести