Мајката на Лазиќ: Дарко ми даде две ветувања кои мора да ги исполни

Бранка Лазиќ, мајка на пејачот кој после сообраќајната несреќа на 23 октомври едвај остана жив, сега бдее над него во бањата каде што е префрлен од болница. Таа заедно со девојката на син и, Марина спие во апартманот каде Дарко Лазиќ ќе ги помине наредните неоколку месеци на закрепнување, а за српски Блиц таа вели дека нејзиниот син оваа несреќа го променила од корен.

-Ми вети дека ќе застане на тоа и јас му верувам дека веќе нема да има алкохол. Жал му е поради се што се случи, сфати дека ова му е втора шанса за живот кој го прегрна и сигурна сум дека нема да оди по патот по кој одеше досега. Вети дека ќе се смири, дека нема веќе да вози брзо и дека ќе води сметка за пиењето.

Многу негови постапки досега ги разбирав, бидејќи е млад, но сега мора да му дојде памет. Ќе добие второ дете и животот е пред него, да ужива во наследниците и да ги воспитува, рекла Бранка. Доброто расположение во семејството Лазиќ е и порди тоа што Дарко прв пат по несреќата се обидел да оди сам.

-Тој секој ден застанува по малку на ногата која е оперирана, но никако самостојно. Денеска прв пат е на штаки. Денеска почнаа и електростимулации на оперираната нога, што очекуваме дополнително да го забрза лекувањето, вели извор упатен во лекувањето на Дарко.