Снимка од Лука Модриќ кога како 5 годишно дете тера кози во трло (ВИДЕО)

Пред 28 години Павле Баленовиќ, снимајќи документарец за волците на Велебит, снимил кадар кој би можел да влезе во легендарните. Некогашниот свирач на бенџо во легендарната група „Плава трава заборава“ веројатно ниту во сон не помислил дека на велебитскиот камен, зад Задар ќе ги сними денешниот најдобар фудбалер на светот и ѕвезда на Реал Мадрид.

Додека талкал по Велебит, Баленовиќ се спријателил со Стипе Модриќ, таткото на Лука, кој во 1990 година кога го снимал имал само пет години и ги терал козите во трлото во дворот од нивната куќа која била запалена во текот на војната. Кадарот трае само неколку секунди, но повеќе од доволно говори за „минатиот живот’ на Лука Мордиќ. Тогаш петгодишно момче за време на бура ги тера козите со стап во шталата додека волците го меркаат од пристојна оддалеченост.

Loading...

Неговиот татко Стипе ја отвора вратата на шталата, а животните едно по едно влегуваат внатре. Гледајќи го овој кадат незамисливо е дека тоа дете сега е на врвот на светот. Но, и по таа снимка јасно е од каде му е таа цврстина и волја за успех… Неверојатната снимка на малиот Лука Модриќ авторот ја постави на социјалните мрежи, каде може сите да го видат петгодишниот Лука.

Видеото погледнете го овде