Карлеуша до Стефан од Скопје: Ти си дечко одвратен и арогантен (ВИДЕО)

0

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше скопјанецот Стефан Величковски. Тој се претстави со песните „Нисам те због лепоте волео“ од Жељко Јоксимовиќ и „Лапсус“ од Саша Ковачевиќ.

По своите изведби, Стефан доби четири гласа, односно од Вики Миљковиќ, Џорџе Давид, Јелена Карелуш и Ана Бекута. Тој истакна дека очекувал да има толку гласови, по што настана општи хаос во студиото на „Гранд“.

„Првата песна беше убава. Меѓутоа, песните на Саша Ковачевиќ ви се такви замки и сите паѓате“, почна да коментира Џорџе, а Стефан го прекина и истакна дека мисли и дека втората песна добро ја отпеал. Во дебатата се вклучи и Јелена Карлеуша која изјави дека Македонецот има голема самодоверба.

„Едвај чекам да се појави некој пејач и да го отпее Саша Ковачевиќ како треба. Не знам дали да те земам или не и изгледа дека ти ќе ме учиш како се пее, а не јас тебе“ дополни Џорџе, на што Стефан имаше реплика и истакна дека и тој може да го учи рок пејачот како се пее. Вики го потврди својот глас, но беше збунета од правилата.

„Не е добро кога некој има самодоверба, не е добро кога некој нема самодоверба, па чекајте кој е проблемот?“ Вики застана во одбрана на скопјанецот.

„Овој дечко не е самоуверен, туку е арогантен“ се вмеша Карлеуша.

Вики беше на страната на Стефан која го одбрани и истакна дека дечкото не е аронгантен туку дека има соништа кои сака да ги исполни. Стефан истакна дека доколку требал да се одлучи меѓу Вики и Џорџ тој ќе ја одбрал Вики.

„Ти си дечко безобрзазен до крај. Ти си нешто најодвратно во последните неколку емисии. Тој арогантен став нема да те одведе никаде. Оди си, ја доби Вики, оди си, не сакам повеќе да те слушам“, распали Карелуша по Стефан. Само Вики го остави својот глас и таа ќе му биде ментор на Стефан за следниот круг.

Извор: Вистина

Претходна статијаНикој не знае што ти носи животот – Беше ѕвезда на „Курсаџии“, а еве што работи денес
Следна статијаПристигa голем студ во Македонија: Од четврток најавена промена