Пристигa голем студ во Македонија: Од четврток најавена промена

0

Времето во Македонија денеска претпладне ќе биде облачно со врнежи кои поради спуштање на постуден воздухо од север и на некои пониски места ќе бидат од дожд и снег. На повисоките места врнежите ќе бидат од снег, а на планините ќе се формира и снежна покривка.

Минималната температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната од три до 10 степени.

Во следните два дена ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток. Утринските температури ќе се спуштат до минус 10 во среда.

Утринската во среда ќе остане под нулата насекаде во Македонија и ќе се движи од минус 10 до минус три степени.

Утре минималната ќе биде од минус шест до два степена, во четврток од минус осум до минус еден, во петок од минус пет до два степена и во сабота од минус еден до пет.

Дневната температура утре ќе се движи од нула до седум, во среда од еден до осум, во четврток од нула до шест, во петок од три до осум степени и во сабота од пет до 10 степени.

Претходна статијаКарлеуша до Стефан од Скопје: Ти си дечко одвратен и арогантен (ВИДЕО)
Следна статијаВака изгледа Лора Турунџиева во првата бременост (фото)