Емина Јаховиќ: Веќе никогаш нема да се мажам

0

Популарната поп пејачка Емина Јаховиќ по десет години во брак неодамна се разведе од турската музичка ѕвезда Мустафа Сандал.

Во изјава за медиумите Емина истакнала дека воопшто не и било лесно да донесе ваква одлука, но и истакнува дека сигурно веќе нема повторно да се мажи.

-Одлуката да се разведеме беше многу тежок момент, поради тоа што со Мустафа минав десет години во брак, а 14 години бевме заедно. Долго се лажев себе си, а потоа и другите дека се е во ред со нашиот однос. Меѓутоа, еден ден како некој да ме полеа со студена вода и јас ја видов вистината.

Мустафа е навистина голем човек, полн со разбирање и одличен татко на нашите деца, но јас сфатив дека ми е поважно да бидам добро отколку да трпам се , само за да останам во брак во кој љубовта меѓу партнерите е изгасена. Денеска знам дека донесов вистинска одлука, изјави Емина во едно интервју.

Атрактивната Емина по разводот од Мустафа веќе ја пронашла и новата љубов, бизнисменот Садетин Саран.

Иако пејачката е во врска со нов избраник, таа истакнува дека веќе нема повторно да се мажи.

-Веќе нема да се мажам повторно .Зошто една жена кое е остварена како мајка и минала низ развод, повторно некому да му каже „да“?поради што ??, јасно порачала Емина Јаховиќ.

Љубовниот живот на Садетин Саран, новото момче на пејачката Емина Јаховиќ, е повеќе од бурен!Тој зад себе има два пропаднати брака, но и врски со многу жени.

Во првиот брак со Ајкан Атес ја добил ќерката Лал. До септември 2017 година Саран бил во брак со седум години помладата забарка Емек Кулур.

Неговиот брак со Емек западнал во криза неколку пати, наводно поради неверствата на Саран, кои официјално никогаш не се докажани. Кога на крајот се развел, се пишувало дека Емек во куќата поставувала прислушкувачи и ги снимала сите негови разговори.

Турските медиуми шпекулираат дека со нив го уценила за да по разводот добие поголема сума на пари, но таа тоа го демантирала. За овој богаташ се зборува дека е склон на флертувања со убавици и дека има краткотрајни авантури со познати дами, кои го чинеле брак!

Садетин бил и 4 години со турската актерка Хулија Авсар, а го спојувале и со Дефне Самели.

Емина исто така зад себе има два брака, а од неодамна е разведена од Мустафа Сандал со кој има два сина.

Претходна статијаФОТО Ја крие 17 години како змија нозете: Здравко Чолиќ конечно призна се за сопругата
Следна статијаНекои немаат ни основно школо, но заработуваат милиони: Еве за што учеле пејачките пред да станат познати