ФОТО Ја крие 17 години како змија нозете: Здравко Чолиќ конечно призна се за сопругата

0

Сите знаат како изгледа Здравко Чолиќ, колкава легенда и шармер е низ годините, но тој својот приватен живот го крие како змија нозете.

Со својата сопруга е 17. години во брак, а сега легендарниот пејач реши да прозбори за својата сопруга Александра.

– Знаев од првиот момент дека со неа ќе бидам цел живот. Толку долго сме заедно, а ниеднаш не сум се посомневал во тоа.

Верувам и таа не се посомневала во мене. Брзо сфати што се носи бракот со мене и ниеднаш не се пожали. Секогаш имам поддршка и вечно ќе сум и благодарен за се, вели тој.

За своите ќерки вели дека е добар и попустлив татко и дека од мали ги чува така.

,,Од секогаш сум сакал корпулентни жени , не овие штос е натпреваруваат за Мис , а од брак долго време се плашев” , вели легендарниот Здравко Чолиќ во интервју во кое зборува за своите тајни.

Во едно интервју, легендарниот пејач Здравко Чолиќ отворено зборува за својот однос кон жените и финансиите. Признава дека темпераментот и брзината во животот често го попречувале во носењето добри одлуки , но во исто време и го буткале нанапред.

Кога станува збор за поубавиот пол , Чолиќ вели:,, Од секогаш сум сакал корпулентни жени , не онакви какви што ги гледаме на натпреварите за Мис. Девојките повеќе мене ме напаѓале , но ниту јас не сум инфериорен ! А страв од брак имав доста долго време , поради што ми приговараше мајка ми .”

На прашањето на новинарот од хрватскиот Јутарњи , за односот кон финансиите , Пејачот со одговор: ,, Галантен сум , сакам да се дружам , сакам да ги почестам луѓето. Финансиите можев и подобро да ги водам , иако станав повнимателен откако се оженив и добив деца “ , вели Чолиќ , кој ја почнува својата турнеја низ регионот.

Фотографијата од таинствената Александра ја објавија голем број на медиуми од целиот регион, а многу на обожавателки на пејачот коментираат на социјалните мрежи дека се изненадени, бидејќи со оглед на неговата популарност кај понежниот пол, очекувале покрај него да видат атрактивна секс бомба, додека неговата сопруга изгледа доста скромно и сосема поразлично од моделите во неговите спотови.

Александра, со која што пејачот ги има ќерките Уна (15) и Лана (10) отсекогаш била енигма за обожавателите на Чолиќ. Со години наназад тој вешто ги избегнува новинарските прашања околу семејството и приватниот живот, и јавноста беше изненадена кога пред две години во спотот за неговата песна ,,Есма’’ се појави неговата постара ќерка Уна, заедно со нејзини другарки.

Сепак, големиот балкански срцекршач и миленик на женската публика досега само неколкупати во јавност прозборел за сопругата.

Пред две години во интервју за хрватски медиум изјави како неговата сопруга била нападната со нож од негова обожавателка и поминала со лесни повреди, а пред тоа исто така за хрватското списание ,,Стори’’ откри дека Александра го познава многу добро, ја разбира неговата работа и премногу не се меша во неговата кариера бидејќи е окупирана со децата.

Чолиќ, кој што во мај ќе наполни 66 години е една од најголемите музички ѕвезди уште од времето на СФРЈ. Зад себе има голем број на хитови кои што и денес се пејат, а чест гостин е во Македонија.

Лани беше главна ѕвезда на манифестацијата ,,Штипска пастрмајлијада’’ во Штип, а пред тоа и на манифестацијата ,,Етно фестивал’’ во Берово каде што собра 40.000 посетители и ја отвори продавницата за здрава храна ,, Zegin healty food’’. Тој важи за еден од најплатените пејачи на Балканот.

Претходна статијаНе очекуваат снежни врнежи – по денешното ведро време, од утре нагла промена
Следна статијаЕмина Јаховиќ: Веќе никогаш нема да се мажам