Државата за која многу Македонци мечтаат да ја посетат конечно доби мобилен интернет

0

Кубанците од пред два дена имаат можност за пристап до интерет преку нивните мобилни телефони, луксуз што досега им беше достапен само на високи владини службеници и странски бизнисмени во комунистичката островска земја.

Корисниците на овие услуги почнаа да добиваат СМС пораки од државниот телефонски оператор дека може да купат пакет со 3G услуги за пристап до мобилен интернет.

На Куба главно нема цензура на интернетот иако владата блокира одреден број на сајтови како американската радиотелевизиска мрежа Марти и други кои заговараат промена на системот на островот.

Кубанската влада дозволи користење на интернет во домаќинствата во 2017 година, а на јавни места како паркови и плоштади ширум земјата отвори точки за Wi-Fi конекција.

Претходна статијаСнег ширум Македонија: Познато каде треба сите возачи особено да внимаваат
Следна статијаМагдалена: Не се штедам – колку повеќе даваш, толку повеќе ќе ти биде возвратено