Ана Севиќ и Дарко Лазиќ веќе поднесоа барање за развод, а Ана продолжи да живее во нивниот заеднички стан.
Дарко после страшната несреќа е на добар пат да закрепне, а неговата избраничка Марина Гагиќ очекува принова, додека Ана сега е во врска со Даниел Неделковиќ.
Семејниот дом на Ана за време на празниците погледнете го на видеото:
Срспките медиуми пренесуваат дека Ана Севиќ одлучила да ја одложи свадбата со нејзиното момче Даниел Недељковиќ, а се поради тешката здравствена состојба на пејачот во која се најде по сообраќајната несреќа.
Севиќ одлучила да ги прекине подготовките за свадба се додека не се стабилизира здравјето на пејчот, нејзиниот поранешен сопруг.
„Ана пред две недели го извести Дарко за нејзината венчавка. Иако, се веќе една година разведени, Дарко се надеваше дека ќе се смират и дека повторно ќе бидат заедно. По ова сознание тој постојано беше пијан и доживеа сообраќајна несреќа, а Ана е очајна“, вели добро известен извор и додава:
„Таа не престанува да плаче откако дозна за несреќата. Многу и е тешко што нејзиниот бивши е на апарати и пред очите и стои фотографија од Дарко во шок соба.
Таа не е способна да мисли на ништо друго, па затоа му кажа на Даниел дека е најдобро да ги стопираат подготовките за свадбата. Даниел не беше изненаден, тој беше подготвен за вакво нешто. Тој и е поддршка и има разбирање за целата ситуација“, вели изворот.