Најпознатиот балкански метеоролог прогнозира нов леден бран за Божик

0

Ледените темпратури под нулата ќе се задржат до среда кога се очекува постепено затоплувње, велат метеоролозите.

Метеорологот Недељко Тодоровиќ наведува дека повторно заладување со снег се очекува во последната недела од декември, додека за Нова година температурите повторно ќе бидат во пораст.

Во Македонија денеска ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови.

Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од минус четири до три степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната околу нула степени.

Како што наведува Тодоровиќ, од среда не очекува магловито време со мраз, а попладне ни следи разведрување, додека максималната температура на повеќето места ќе достигне до нулата или степен над нулата.

Порастот на температурите на почетокот на викендот постепено ќе услови опаѓање на снежната покривка, додека на планините сеуште ќе се задржи.

Тодоровиќ наведува дека следното заладување со дожд и снег може да го очекуваме помеѓу 26 и 29 декември.

„Сеуште е неизвесно колкава количина на снег би паднала и колку долго би се задржал. Околу Нова година повторно температурите ќе бидат по постепен пораст, а врнежи ќе има само од дожд, вели метеорологот.“

Додава дека на почетокот на јануари не очекува повторен пад на температурата и ладен период со доста снег, додека студените денови според прогнозите не очекуваат помеѓу 7 и 17 јануари.

„Оваа зима ќе биде нешто поладна и со повеќе снег од минатата, но во суштина се работи за просечна зима карактеристична за нашето поднебје, вели метеорологот.“

Времето во Македонија ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови. Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Утринската температура ќе се движиод минус два до минус шест, а дневната температура од минус два до еден степен.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус три, а дневната температура до еден степен.

Потоа следува период на претежно стабилно време со пониски утрински температури и појава на магла по котлините.

Претходна статијаАдријана Алачки со емотивна порака му го честиташе роденденот на својот син
Следна статијаДарко ѝ остави стан од 300.000 евра – Ана покажа како го уреди за новогодишните празници