Пејачот Дарко Лазиќ кој во понеделникот започна со електро терапиии, со помош од тим на доктори за само неколку дена од почетокот на рехабилитацијата успеа да застане на нозе.
Здравствената состојба на Дарко Лазиќ се подобрува од ден во ден. Иако пред само нешто повеќе од месец дена беше закован за болничкиот кревет, по тешката сообраќајна несреќа, Лазиќ сега успешно заздравува во бањата Младеновац.
Како што пренесуваат тамошните медиуми, Дарко по само неколку дена успеал да застане самостојно на нозе, но со помош на штаки.
„Дарко може да стои на нозе. Вежбите за стабилност и рамнотежа во стоечка положба, тој трансфер од седечка во стоечка положба треба да бидат безбедни и сигурни, да не дојде до пад или нестабилност. Успеавме, интензивно се работи на тоа. Може да стои неколку минути, серијата ја повторува, па седнува и одмара“, изјави личниот доктор на пејачот, Милош Полексиќ.
Но она од што се стравува и будно се следи е психичката состојба на Дарко Лазиќ. Ситуацијата засега е нормална и нема потреба од дополнителни лекарства и третмани.