Пристигна зимата, а ние немаме јакни и чевли – тажна исповед на братче и сестриче сирачиња

“Најтешко ни е кога другарите во училиштето зборуваат за своите родители. тогаш само се тргаме на страна “, велат Александар и Катарина Антоневиќ.

Од пелени знаат само за тага и немаштија. Александар имал две, а неговата сестра Катарина (13) четири години, кога останале сираци. Татко им починал, а мајка им речиси истовремено ги напуштила и неа не ја ни паметат. Баба Ковина и дедо Стојан се грижат за нив. Тие се без пензии. Децата нешто пари добиваат од социјална помош, некој ситнеж, колку да преживеат, пишува српски “Блиц” …”

loading...

Ја замолив баба да ни купи телевизор, за во нашата соба, таа ми одговори дека нема пари, ги подига рамениците Каќа. Го разбираат тоа децата, но не можат да се помират со отсуството на родителска љубов.

Бев пресреќен кога пред почетокот на школската година добив нови патики, но не можам во нив сега по снеговите кога ќе паднат. Имам едни гумени чизми. Од дома до школо имам три километри пешачење, вели Александар. Во дворот на семејството Антонијавиќ има две куќи. Во старата дедото се родил, новата ја почнал татко им но не успеал да ја доврши.

-Сега кога почнаа дождовите се поплавивме. Се молиме куќата да издржи и да не се сруши барем до следната пролет. Нашиот татко се обеси, а мајка ни не напушти. Нејзе не би сакала никогаш да ја видам, да јми се јави на телефон, нема да ја познаам, да ми дојде на врата би ја избркала, вели Катарина.

Ќе завршам школо, факултет, ќе се омажам и ќе станам добар човек. Со тоа ќе им се оддолжам на баба ми и дедо ми, за сето нивно одрекување за да не одгледаат нас.

-Само еднаш во животот сум бил на море. Единствен во класот немам компјутер, немам мобилен. Другарите ми кажуваат дека на интернет можат да се видат многу работи, разочарано вели Александар. Кога би имал пари, прво на баба ми би и купил машина за перење алишта, а себеси би си купил нови чевли, завршува Александар.

Ова е само една од многуте тажни приказани за деца кои растат без родители, во соседна Србија. Вакви примери има и кај нас и навистина институциите, претпријатијата, но и ние обичните луѓе треба да помогнеме на вакви загрозени семејства.

Извор: Svakidan.info

loading...