Пред да се омажи Драгана Мирковиќ 10 години била вљубена во него – тој и е познат на јавноста

0

Драгана Мирковиќ е жена без скандали, која има мирен и среќен семеен живот, а малкумина знаат дека пред да се омажи Тони Бјелиќ со кого има две деца и живее во Виена, била во 10 годишна врска.

Пред Тони, Мирковиќ имала љубовна врска која траела десет години. Станува збор за некогашен бизнисмен, политичар и естраден менаџер Зоран Башановиќ. Зоран и Драгана биле заедно во текот на 90тите. Во тоа време, Башановиќ не само што и бил момче на Мирковиќ туку и нејзин менаџер.

Тој денес е женет за сопругата Бојана со која има ќерка.

Иако во нејзината кариера нема скандали Драгана Мирковиќ, нејзината пријателка проговори дека на почетокот на нејзината кариера, еден музички композитор се обидел да ја силува во хотелска соба.

Нејзината пријателка Верица Илиќ, била сведок на оваа случка. Верица е текстописец и новинар, која подоцна го напишала тоа во нејзината книга.

Таа во својата книга напишала детали за тогаш, 16- годишната Драгана и многу постариот композитор.

– Во тоа време правев спотови за естрадните ѕвезди и тогаш ја запознав и Драгана. Снимивме спот за нејзиниот прв албум, а договорот беше татко и да ја нози и да ја зима од знимање. Меѓутоа тој заврши во болница, опериран, па се договоривме Драгана да остане кај мене неколку дена- почнала Верица да опишува како всушност тие две се нашле во хотел.

– Приказната со композиторот започна кога го снимавме вториот албум на Драга, која како и за секое снимање престојуваше кај мена. Ние добивме покана даза вечера од познатиот композитор, но кога стигнавмедо ресторанот, беше затворен, па отидовме во хотел. Тој многу пиеше, но беше ѕвезда на вечерта, и секоја песна која ја правеше беше хит- раскажала Верица.

Таа се присетува и на ноќта кога едвај ја спасила Драгана од постариот колега кој се обидел да ја силува.

-Беше два по полноќ и требаше да си одиме а тој беше многу пијан а требаше да не вози. Драгана беше исплашена и седеше до мене, но тој ја викна да поразговара со неа, па јас и реков дека може да оди а јас ќе ја чекам пред врата, не ни претпоставував која му е намерата.Во еден момент слушнав врева, и пробав да влеза, знаев дека ја приморува на нешто што не сака, но вратата беше заклучена.

Почнав силно да викам дека ќе ја искршам вратата, па тој ја отклучи а Драгана се стрча кон мене.Веднаш повикав такси за да не одведе до Белград.

Таа беше многу вознемирена и цело време пробував да ја смирам, и ја убедив да молчи зошто во тоа време тоа можеше да штети на нејзината кариера, но сега ова го пишувам за да се знае какви луѓе има и ниој во такви да не гледа како на свој идол- заклучила Верица.

Претходна статијаПо сите напади кои и беа упатени во врска со Дарко Лазиќ, Ана Севиќ се обрати со отворено писмо
Следна статијаБаталете политика, погледнете каква супа од риба знае да приготви Фросина Ременски (ФОТО)