Инструментите едноставно престанаа да работат: Исповед на жената која го отвори Исусовото почивалиште

0

Кога го отворив гробот на Исус Христос, инструментите прекинаа да работата, изјавила во интервјуто за Дневник, Антониија Марополо, хемиски инженер на Националниот технички универзитет во Атина, која била водачот на експертскиот тим кој минатата година направи уникатен потфат в светот отворајќи го гробот на Исус Христос во Ерусалим, односно на местото на неговото воскресение. Медиумите тогаш пишуваа дека за време на отворањето на Светиот гроб се случил чуден феномен на небото, дека се слушнале звуци на труба. Марополо тоа не го видела, но забележала нешто друго.

-Јас тоа не го видов, затоа што во моментот на отворањето на Светиот гроб бев внатре со другите. Немаше никаков феномен, но кога излегов надвор, од како почнавме да го истражуваме гробот, инструментите кои претходни ги поставивме на плочата на гробот за да бележат секој момент, вибрации и слично, едноставно се исклучија. Тоа беше факт. Не можам тоа да го објаснам, но се снимив. Со сигурност можам да кажам дека околу тоа место постои некаква енергија, која е многу, многу силна.

Нашата работа на овој проект ја доживеав со голема почит и завет кон овој уникатен споменик на христијанството. Целата била да се анулираат деформациите на света Едикула кои биле видливи на вратата по реставрацијата од 1810 година. Беше воочливо дека и подземните води го загрозуваат објектот и дека има промени на терен. Отворањето на гробот на Исус Христос беше уникатен предизвик затоа што моравме тоа да го сториме без најмала грешка. Во сито време, претставуваше и големо искуство, емоционално и религиозно, затоа што се случуваше седум века по последното отворање.

Кога ја тргнавме плочата во Светиот гроб немаше никакви предмети. Не ни очекував дека нешто ќе најдеме. Најдовме празен гроб, при што беше видливо оштетувањето на долната плоча на гробот. Таа е камен и има резби на неа. Плочата беше скршена, а имаше и ситни камења. Сепако, извршивме потребни репарации, но скршената плоча ја оставивме каква што беше. Само ја прекривме со бела мермерна плоча – вели Марополо.

Постојат различни мислења дали баш на тоа место била пештерата во која Јосиф го погребал Исус. Има ли сомнеж во тоа, беше следното новинарско прашање за Марополо.

-Тоа во што сум сигурна е дека плочата која ја откривме е токму онаа од периодот на царот Константин и царица Јелена. Тоа значи дека сум убедена дека ова е токму тоа место, кое тие го откриле како Свет гроб и каде направиле црква- вели Марополо.

Нејзината задача и задачата на нејзините колеги експерти не била само да извршат реконструкција на гробот на Христос, туку и целата црква Едикула. Проектот вклучувал отстранување на железни столбови кои ја потпирале црквата од сите страни, а кои биле поставени во педесеттите години на минатиот век. Тоа подразбирало зајакнување на камените блокови од кои е изграден храмот кренат 325 година од страна на римскиот цар Константин на место за кое се верува дека е погребан Исус Христос.

Во Библијата, во евангелие по Матеј, пишува дека по смртта на Исус распнат на местото Голгота, Јосиф го земал неговото тело, за завитка во бело платно и го погребал во пештера во која издлабил сопствен гроб. Последен пат била реконструирана во 19 век. Со неа управува Грчка православна црква, Ерменска православна црква и Римокатоличката црква.

Во моментот на отворањето на Светиот гроб со експертите бил и партијар Ерусалемски Теофил Трети. Како тој, како духовник реагирал, прашале новинарите:

-Бевме четворица и сите влеговме заедно, а како тој реагираше можам само да опишам ссо зборот „Аууууу…“ оа значи пчит, не страв- кажала Анотонија Марополо. Таа објаснува дека светиот гроб бил отворен 60 часа и дека тие за тоа време завршиле се што било планирано. Работеле осум месеци, само ноќе, за да поклониците можеа да го посетуваат светото место.

-Земавме мали примероци од камењата кои таму ги најдовме и ќе ги анализираме во Атина, па ќе видиме што ќе покажат истражувањата, вели Марополо. Во текот на истражувањето експертите забележале дека таму постојат подземни води. Затоа, додава таа, побаравме дозвола да ја истражиме и подземната област. Подземниот дел е еродиран и направивме студија како во иднина да интервенираме за да ја заштитиме света Едикула и црквата на Светиот гроб.

Претходна статијаБејли и дефинитивно си оди – ова е новиот Амбасадор на САД во Македонија
Следна статијаМиле Кузмановски првпат проговори за односот со втората сопруга Јасмина