Елена Велевска: Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот

Македонската фолк пејачка Елена Велевска, по десет години брак, во август годинава, потврди дека се разведува од бизнисменот Марјан Мирчески со кого има три деца, ќерките Софија и Калија и синот Марко.

Пејачката покрена бракоразводна парница бидејќи со текот на годините семејното насилство станувало неподносливо. По исповедта на Елена следеа бурни реакции на социјалните мрежи, но и голема поддршка за нејзината одлука.

Сепак, сега таа ја промени својата одлука.

– По долги разговори, како зрели личности, првенствено родители на три малолетни деца, јас и мојот сопруг Марјан решивме да го затвориме лошото поглавје во нашиот живот, и да му дадеме шанса на семејството, и секако на љубовта којашто ја имавме со години наназад. Повлечена е бракоразводната парница, а од јавноста барам почит на нашата приватност и разбирање – открива за „Фокус“ Елена Велевска, една од најангажираните фолк-пејачки кај нас.

Елена Велевска која периодов беше во центарот на вниманието откако објави дека се разведува, па се предомисли вели дека не зажалила што му дала втора шанса на сопругот Марјан и откри дека нивниот однос сега е многу подобрен, а тие се посреќни и позаљубени од било кога.

Не се покајав што му дадов втора шанса на сопругот, работиме на бракот, децата се во нашиот фокус на вниманието и сметам дека успеавме да ги надминеме сите проблеми.

Јас по природа сум голем хуманист, им помагам на сите, затоа и сакав да му помогнам на мојот брак и да го спасам и мислам дека ја донесов вистинската одлука, рече фолкерката и додаде дека во животот е многу тешко истовремено да бидеш и успешна на сите животни полиња.

Тешко е да имаш и солидна кариера, и да бидеш добра мајка, сопруга… Балансот тешко се постигнува, но јас ќе дадам се од себе, затоа што многу си го сакам и семејството, но и работата, потенцираше пејачката која наскоро ќе ги изненади фановите со нова песна и видео.

Поврзани вести