Докторката Олгица од Радовиш растури на “Никогаш не е доцна” (ВИДЕО)

0

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 60 годишната Олгица Велкова од Радовиш. Во своето претставување Олгица истакна дека уште на 10 години имала свои настапи, но дека животниот правец ја однел во медицината и започнала да студира медицина. Таа објасни дека нејзиниот сопруг го запознала меѓу 7 и 8 одделение.

„Професорката по француски јазик ни кажа дека ќе има квиз и дека ќе се пеат француски песни. На школската проба ме здогледа мојот сопруг и отогаш цел живот се дружиме со музиката“ вели Олгица.

Олгица се пријавила во „Никогаш не е доцна“ за да си ја исполни желбата. Во жирито беше и оперската светска дива со македонско потекло Ана Синицки која на кандидатка и се обрати на македонски јазик.

„Многу ми е драго што сте во оваа емисија. Ова емисија треба да се вика „Ништо не е случајно“. Мојот прадедо кој беше Русин е погребан во Радовиш. Многу ми е мило што си со нас“, изјави Ана. Олгица се претстави со песната „Старе љубави“ од Тереза. Жирито беше воодушевено од нејзината изведба и доби само позитивни коментари.

„Се гледа дека овој репертоар е ваш, во срцето го носите. Тоа се слуша и се гледа. Мислам дека гледачите кај малите екрани ќе го почувствуваат тоа. Ви посакувам се најдобро“ изјави Синицки.

Останатите членови на жирито имаа пофални зборови за македонската докторка која одлично се покажа и како пејачка. Олгица помина во следниот круг, па ќе имаме прилика да ја видиме и во вториот круг.

Видеото погледнете го на следниот линк

Извор: Вистина

Претходна статијаПролетта во Ноември заврши – следуваат температури во минус, дожд и снег на планините
Следна статијаСтефанова: Јанакиески и Божиновски на ист начин како Груевски се спремале да избегаат