Стефанова: Јанакиески и Божиновски на ист начин како Груевски се спремале да избегаат

0

Денешното рочиште за случајот “Титаник” ќе се одложи бидејќи судијата Осман Шабани утринава бил известен дека Миле Јанакиески и Кирил Божиновски се во притвор, па затоа немал време да испрати наредби до затворот за да ги донесат на судење.

На рочиштето не се појави ниту обвинетиот Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.

Обвителката Лиле Стефанова истакна дека сака да појасни за обвинетиот Груевски кој е во бегство и за двајцата кои завршија во притвор.

-Доцна синоќа Кривичниот совет ги уважи нашите барања да им одреди мерка притвор. Вчера добивме информација дека покрај Груевски, кој избега на очиглед на сите институции, на ист начин се спремале да иизбегаат и Јанакиески и Божиновски, рече Стефанова.

Таа потсети дека уште во фаза на поднесување на обвинителниот акт бил побаран притвор, но судот им одредил поблаги мерки иако го прифатил фактот дека постои можност од бегство.

Таа најави дека притвор ќе бара и за други обвинети доколку добијат сомнеж дека се спремаат за бегство.

Обвинителката Стефанова побара од судот на обвинетиот Груевски да му се суди во отсуство, и од наредното рочиште да продолжи главната расправа за случајот.

Инаку вчера поранешниот Министер за транспорт и врски Миле Јанакиески изјави дека најостро го осудува бегството на Никола Груевски.

„Најостро го осудувам ваквиот чин, бидејќи ќе влијае негативно на судските предмети во целост, а посебно во оние предмети каде сме заедно обвинети“.

Јанакиески додава дека не планира да бега од Македонија и дека моментално е во Скопје, најави и појавување на утрешното судско рочиште за предметот „Титаник“.

Тој бара од медиумите да информираат објективно и повика да се престане лицитирањето за идни притвори и притисок врз судот.

Екс премиерот и екс Министерот за транспорт и врски се обвинети во неколку предмети од Специјалното јавно обвинителство.

Извор: Фокус

Претходна статијаДокторката Олгица од Радовиш растури на “Никогаш не е доцна” (ВИДЕО)
Следна статијаВо вакво издание Цеца никогаш не сте ја виделе – во проѕирна облека ги изненади фановите