Дејан Миличевиќ раскажува што преживеал: Тргнав кај мајка ми и одеднаш на сред улица незнаев каде се наоѓам

0

Познатиот режисер Дејан Миличевиќ неодамна ги загрижи своите најблиски, пријателите,соработниците со фотографија од болничката соба од одделението за мозочни удари.

-Доживеав транзиторна глобална амнезија, наречена ТГА синдром, кој претставува тотално губење на паметењето на одредено време. Во мојот случај тоа траеше 12 часа, вели Дејан.

-Тоа утро најнормално станав од кревет, појадував и почнав со работните задачи. Кога дојде време за ручек, како и обично тргнав кај мајка ми која живее во близина. На пат нанаму одеднаш застанав и не знаев каде се наоѓам. Го земав телефонот и го повикав мојот монтажер и му кажав дека не знам каде се наоѓам и не знам каде треба да одам. Му беше јасно дека нешто не е во ред, но ми објасни каде да одам, што и направив. Свесно дојдов до станот на мајка ми, заѕвонив, влегов, седнав на софата и реков: „Помогни ми, јас на ништо не се сеќавам“ Не успеав да и објаснам што се случува, се сеќава Дејан.

-Повика брза помош, со оглед на тоа дека нормално се движев и разговарав, ме упатија кон Ургентен центар, ја продолжува приказната додавајќи дека другиот ден почнал да доаѓа на себе, а според неговите зборови дури тогаш следела агонијата бидејќи не можел да се сети на претходните 12 часа.

-Најголемиот стрес за мене беше кога мајка ми ме гледаше во болничката постела и се нервираше. Таа ме одгледа и се грижеше за мене кога татко ми на свои 20 месеци ме напушти. Сама ми беше и мајка и татко. Се бореше како лавица. Не сакам никогаш да пати поради мене и тоа беше дополнителен мотив да станам на нозе и да се опоравам. Мојата мисија е да ја штитам нјзе, а не таа да се грижи за мене, завршува Миличевиќ.

Извор на фото: Инстаграм профил на Дејан Миличевиќ

Претходна статијаОва е куќата каде Дарко Лазиќ планирал да живее со свршеницата Марина (фото)
Следна статијаМират од „Нашата Дениз” е во брак со познатата турска актерка – таа е убавица