Дарко Лазиќ доживеал тешки денови пред одлуката за развод.
Како што пренесува српскиот Курир, тој ставил дома камери бидејќи се сомневал во верноста на сопругата Ана Севиќ.
Тие се карале поради љубомора, и поради тоа што пријателите му велеле дека таа го изневерува.
Имено, кога отишол на еден настап, како што пренесува порталот имал што да види, Таа веднаш се договорила со мажот со кој се гледала.
Тогаш паднала одлуката з аразвод, а по тешкиот период Дарко ја направи и сообраќајката.
Дарко Лазиќ верува дека Бог му го спасил животот и сега сака да се врати на вистинскиот пат и да заброави на пороците.
Како што пишува српски „Ало“, Лазиќ прв пат по долги години имал време да размисли за своите погрешни одлуки, и сфатил дека со непромисленото однесување повредил многу луѓе околу себе, но неговото семејство било тоа што најмногу страдало.
Поради тоа, Дарко барал во болница да го посети свештено лице, за да разговара со него и да побара прошка за сите гревови.
-Дарко отсекогаш живееше брзо и се што посакуваше мораше веднаш да се исполни. Неговиот претходен начин на живот за многумина беше незамислив, бидејќи беше во состојба со денови да не спие, да оди на свирки и да пее. Кога некој, кој има сопруга и мало дете, може така да живее не треба ништо да ве изненади, па ниту тоа дека неговите отсуства до домот беа поврзани со прекумерна употреба на алкохол и дрога.
Со таков стил на живот одат и лесни жени кои се лепеа на Лазиќ. Едноставо сакаше да живее за сите пари, но не сакаше сопругата и детето да го гледаат во таква состојба, вели за „Ало“ извор близок до семејството на пејачот.
Истиот извор нагласува дека Дарко во болница почнал повторно да размислува за сето она што погрешно го направил во животот.
-Дарко со денови во болница доживуваше нервни сломови, дури ниту неговите родители и вереницата Марина не можеа да ги тргнат сивите облаци над него.
Постојано мислеше на ќерката Лорена која долго пред несреќата не ја видел и се чувствуваше виновно што се огрешил пред неа, но и пред сопругата Ана. Чувствуваше срам кога се сети со какво непочитување се однесувал кон нив, а себе не може да си прости што ги разочарал родителите, додава изворот.
Тој посочува дека Дарко неколку пати за своите проблеми се обидел да разговара со психијатар за овие проблеми, но не можело да му се помогне.
-На Дарко во тие моменти не му беа потребни разбирање и поддршка од стручно лице, туку искрено простување и цврста вера дека се ќе биде во ред. Поради тоа, за време на една посета, бараше од родителите во неговата болничка соба да го донесат селскиот поп.
Беше зачуден кога слушна дека попот, во првите денови од несреќата, во селската црква читал молитви за негово одзравување и од тогаш не престана да размислува за Бог. Длабоко верува дека му е дадена втора шанса, па црвсто се зарече дека нема да се врати на стариот пат, вели изворот на „Ало“.