Василевски верува во соживот, затоа гласал „ЗА“ уставни промени: Да тргне државата напред

0

Сашо Василевски, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ кој беше исклучен од партијата откако гласаше за пристапување кон измени на Уставот, во изјава за ТВ21 објаснува зошто гласал спротивно од ставот на партијата.

-Јас со чиста мисла и со храброст и со сите аргументи, одлучив Македонија да го има единствениот пат кон евроинтеграциите. Иднината за нашите семејства, за нашата држава и за нашите перспективи како Република Македонија, еднаш засекогаш да ставиме крај на поделбите меѓу патриоти и предавници, меѓу Македонци и Албанци. Ние сме едно семејство, кое треба да чекори заедно кон ЕУ и НАТО интеграции, со полна поддршка на нашите пријатели од Вашингтон – вели Василевски.

Во изјава за телевизијата пратениците кои гласаа негираат дека биле поткупени, велат дека гласале според свое убедување и додаваат дека се 24 часа под полициска заштита поради заканите кои ги добиваат од петокот.

Претходно свои изјави за медиумите од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа „ЗА“ уставни промени дадоа и Александрова, Исмаиловска и Ранчиловиќ.

Претходна статија(ВИДЕО) Владислав влезе во училиштето мирно и со ранец на рамото, потоа се случи вистински хаос
Следна статијаФОТО: Потекнува од Крива Паланка, има огромни гради и е број еден тема во Белград и Србија