Вардар со жесток напад кон судиите: Ниту еден не го следи моментот, како одлучија дека е гол?

0

Во моментот се игра дерби пресметката помеѓу Вардар и Шкендија во Маџари, а по првиот дел гостите од Тетово водат со 0:1, со сомнителен гол кој крена лавина реакции.

На својот Фејсбук профил Вардар сподели фотографија од спорниот момент, каде објаснува дека ниту еден од судиите воопшто не ја следи ситуацијата, но и покрај тоа пресудија дека топката ја минала гол линијата.

Сомнителниот гол на Шкендија во дуелот со Вардар. Погледнете како едниот судија (дополнителниот асистент зад гол линијата) не гледа во голот, а другиот, пак, прв помошник го нема на местото каде што треба да биде. Го нема ниту главниот судија на местото на настанот. Кој ја донесе одлуката дека голот е регуларен?

Краток период од мечот беше и во прекин, откако судијата одлучи да не се игра фудбал, бидејќи дел од навивачите навиваа на етничка основа. Сепак, прекинот траеше кратко и средбата продолжи без никакви проблеми.

Претходна статијаФОТО: Еди Рама воопшто не сака да ги избрише коментарите на „Илирида“
Следна статијаСилна порака од поранешниот потпретседател на СДСМ: Дождовите над Македонија