ФОТО: Еди Рама воопшто не сака да ги избрише коментарите на „Илирида“

0

Два дена откако албанскиот премиер Еди Рама го честиташе роденденот на Република Северна Македонија на неговиот Твитер профил се уште не се избришани коментарите во кои се најавува формирање на Република Илирида.

Вообичаено експертите за социјални мрежи на албанскиот премиер ги бришат сите коментари во кои се навредува Рама или му се прави политичка штета но овој пат тоа не е случај.

Одговорните во кабинетот на Рама сега не ги бришат коментарите на фантомската организација Република Илирида која вели дека следен чекор е нов концепт на македонската државност ниту коментарите во кои се најавува федерализација на државата.

Претходна статијаГо стаписа цело жири: Кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ јавно призна дека е вонбрачен син на познат пејач
Следна статијаВардар со жесток напад кон судиите: Ниту еден не го следи моментот, како одлучија дека е гол?