Тачи: Белград нека “грака” колку сака, Турција ја испочитува Косовската држава во Истанбул

0

Косовскиот претседател Хашим Тачи ги демантира наводите на неговиот српски колега Александар Вучиќ дека на вчерашното отворање на новиот аеродром во Истанбул, домаќините го отстраниле знамето на Косово за време на свечената церемонија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Тачи попладнево во објава на Фејсбук порача дека „Белград може да грака колку сака”, но вистината е дека Турција ја испочитува косовската држава.

– Во Истанбул во Турција беа испочитувани државата Косово и државата Албанија. Горд сум со почитта што им беше оддадена на нашите држави. Белград нека продолжи да грака колку сака, напиша Тачи.

Вучиќ изјави дека на церемонијата на инаугурацијата на новиот аеродром во Истанбул, на која, освен него и Тачи, присуствуваа претседатели, премиери и други високи претстравници од голем број држави од светот, домаќините го отстраниле знамето на Косово пред почетокот на церемонијата.

Извор: Република

Претходна статијаВане Цветанов до Груевски: Во затвор ќе имаш време и да читаш и да пишуваш книги
Следна статијаСинот на Цеца, Вељко, откри како ќе му се вика синот