Стана најмлада милијардерка на светот, па и купи Ферари на мајка и (ВИДЕО)

0

Економскиот магазин „Форбс“ ја објави листата на најбогати жени во Америка кои сами го стекнале богатството, а многумина се изненадија кога ја видоа Кајли Џенер на листата.

20 годишната ѕвезда од Кардашијан-Џенер кланот „тежи“ 900 милиони долари и се очекува наскоро да стигне до 1 милијарда, а растот на богатството ја прави најмладата милијардерка во светот, титула која некогаш ја носеле Марк Закерберг и Бил Гејтс.

Иако е најмлада од сите сестри, таа се најде на насловната страна на „Форбс“ и успеа да ја надмине дури и полусестрата Ким Кардашијан чие богатство е проценето на 350 милиони долари. Нејзината компанија за козметика, Kylie Cosmetics, за 2 години продала шминка вредна 630 милиони долари.

Таа поседува 100% од компанијата, а најголем дел од работата и рекламирањето се случува на социјалните мрежи, каде има лесен пристап до фановите и купувачите.

Сега кога е милијардерка, Кајли Џенер реши да ја изненади нејзината мајка и за 52-иот роденден да ѝ подари ни помалку ни повеќе, туку Ferrari од 250 илјади долари, а во видеото погледнете ја реакцијата на Крис кога го добива подарокот.

Претходна статијаКовачев: Пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа “за“ не треба да бидат казнети
Следна статијаВане Цветанов до Груевски: Во затвор ќе имаш време и да читаш и да пишуваш книги