Мустафа Сандал полудел од бес – Емина ги запозна синовите со турскиот милионер!

0

Турскиот пејач и бившиот маж на пејачката Емина Јахович, Мустафа Сандал, дознал дека неговите синови го запознале новиот избраник на нивната мајка, и целосно полуде поради овие информации.

Според тамошните медиуми, Емина ги донела своите синови во ресторанот во еден престижен хотел во Турција, за да му се придружат на нејзиниот нов избраник. Децата биле подготвени на оваа средба, така што не правеле никакви проблеми, иако се многу поврзани со нивниот татко кој се труди да поминува што е можно повеќе време со нив.

Сега наводно Мустафа се кае дека ѝ оставил на Емина куќа вредна околу 16 милиони евра, затоа што се сомнева дека таа го изневерувала уште додека биле во брак. За работите да бидат уште полоши, со оглед на тоа што е многу успешен бизнисмен, Мустафа се позанва со трускиот милионер Садетин уште од порано, па двајцата заедно имале присуствувано на многу приеми и ручеци. Исто така Емина и сопругата на Садетин се запознале на тие приеми, па за целосен шок, овој пар сега е во љубовна врска.

Летото кога се разделуваа, Мустафа во едно интервју изјави: Ставивме точка на нашиот брак. Двајцата вртиме нова страница во нашите животи, но нашата љубов и нашето почитување ќе остане се до нашиот последен здив. Ќе се трудиме да бидеме во корист на нашите синови. Дојдовме до ова заедно, си одиме заедно, остануваме „пријатели“. Според многумина оваа порака беше повеќе од љубезна и не личи како парот да се раздвојува со причина.

Инаку Емина во февруари годинава поднесе бракоразводна парница, а од шести јуни и официјално не се во брак.

Претходна статијаФОТО: Емоциите ја совладаа – Бојана Скендеровски со посвета за својата сестра
Следна статијаМу напишав на дечко ми дваесет правила кои мора да ги почитува