Медиумите во Турција преплавени со шпекулации за новата љубов на Емина со милионерот

0

Наводната тајна врска на Емина Јаховиќ и 18 години постариот Садетин Саран ја запали јавноста во Турција. Пејачката која скоро се разведе, според пишувањето на тамошните медиуми, веќе нешто повеќе од месец дена се гледа со угледен господин кој до сега се има разведено два пати и има една ќерка.

Емина за Мустафа како и секогаш зборува само најдобро:

„Не сметам дека семејството се сруши. Јас со Мустафа ќе бидат многу добар пријател. Тој е добар човек, пред се. Една госпоѓа мене еднаш во Нови Пазар ми кажа ’кога избираш маж за брак не избирај го оној со кој ќе се омажиш, туку од кога можеби еден ден ќе се разведеш’“ истакна во едно интервју пејачката.

Но во изминатиов период турските медиуми брујат за новата љубов на Емина, со чија поранешна жена пејачката се познава. Во прашање е забарката Енек Кулур, а додека беа заедно радо се гледаа со парот Јаховиќ-Сандал на луксузните прослави во Истанбул Како и да е, Емина се уште мудро молчи, а нејзината врска со милионерот се уште не е ниту демантирана ниту потврдена.

Во исто време медиумите почнаа да шпекулираат дека и Мустафа има нова врска. Имено, тие деновиве пишуваа дека се гледа со турската пејачка Симга Сагин за која велат дека многу потсетува на Емина.

Веста веднаш ги преплави турските медиуми кои наведуваат дека помеѓу овие две музички ѕвезди не постои само пријателски однос, туку дека Мустафа на овој начин покажал дека дефинитивно се заедно.

Претходна статијаКако изгледаше Боба кога Лепа Брена лудуваше по него (ФОТО)
Следна статијаТања Кочовска има со што да се пофали, ќерка и израсна во прекрасна убавица (ФОТО)