Познатata џет сет двојка Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал официјално се разведе на 6 јуни во Истанбул, по 10 години во брак.
По разводот Емина со децата останала да живее во семејната куќа, а Мустафа се отселил.
Пејачката Емина Јаховиќ по разводот живее на висока нога – во луксузната вила во Истанбул, а прима и висока алиментација за синовите Јаман и Јавуз. По разводот Емина со децата останала да живее во семејната куќа, а Мустафа се отселил. Според написите во турските таблоиди, Мустафа Сандал секој месец ѝ плаќа 3.500 евра за синовите. Децата долго време ги подготвувале за разводот којшто бил неминовен и им објасниле дека мора така.
– Година и пол траеше кризата, која се обидувавме да ја надминеме, но не успеавме. На синовите им кажавме дека извесно време ќе бидеме разделени, но дека за нив двајцата секогаш ќе бидеме тука. Тие се центарот на нашиот свет, и на мојот и на Мустафа, затоа и останав да живеам во Турција, за да не им ги нарушам животите и да ги разделам од нивниот татко – изјавила Емина по разводот, и открила дека кога избира партнер за брак размислува каков би бил и ако еден ден се разведат.
Една жена ми рече: „Избирај за кого ќе се омажиш така што ќе размислиш каков ќе биде кога ќе се разведете.“
Емина првпат се омажила уште како малолетна, така што избегала од дома. На свадбата со Аладин носела венчаница, но косата ѝ била речиси сосема истрижена.
– Убаво беше, имав убава венчаница и прекратка коса. Бев речиси ќелава – изјавила Емина одамна.
Во краток рок, под влијание на двете семејства, бракот бил поништен. Емина во тоа време постојано шетала со вокмен на ушите и слушала музика сонувајќи за естрадата. Причината, како што навел нејзиниот бивш свекор Рустем, била желбата на Емина да се занимава со пеење, што не му се допаднало на неговиот син и затоа одлучил да се разведат за шест месеци.
– Проблемот настана кога таа смисли да се занимава со пеење. Нејзината мајка дојде кај мене и ми рече: „Рустем, знаеш дека Емина многу сака да пее.“ Јас ѝ реков дека може да пее за своја душа, но кога таа одлучи тоа да не биде само аматерски, мојот син не сакаше жена која нема постојано да биде дома. Размисли и се одлучи за своето семејство. Нивниот брак траеше само шест месеци и тогаш се завршо – раскажал тогашниот свекор на Емина, Русте.
Емина и турскиот кантавтор Мустафа беа десет години во брак, а претходно четири години во врска. Мустафа во тој однос беше повлечен семеен човек кој многу работеше, а настојувајќи Емина што повеќе да ја врзе за децата. Турските медиуми пишуваа дека му пречело послободното облекување на Емина, бидејќи во неговото семејство жените се доживуваат поинаку од слободните девојки и не се поддржува нивната снаа да биде речиси гола пејачка.
Турскиот милионер Садетин Садан неодамна објави фотографија на која Емина Јаховиќ го бакнува во образ, а оттогаш почнаа шпекулациите дека тие се во врска.
Тој во описот на фотографијата напиша дека тоа е неговата ќерка и дека му недостига, меѓутоа благодарение на бенката и обетките открија дека тоа е Емина.
Оттогаш, папараците често ја следат пејачката и бизнисменот, но не успеа да ги фотографираат.
На прашање за наводната љубовна романса со турскиот милионер, Емина бесно ја затворила вратата на автомобилот, а Садетин одговорил дека не сака да коментира.
Меѓутоа, медумите пишуваат дека турски туристи ги забележалите парот како прегранати се шатаат и одат по ресторани во Германија.
Извор: Вистина