Жителите на Аеродром: Златко Марин не излажа, веднаш да си поднесе оставка

0

Актуелниот градоначалник на општина Аеродром, Златко Марин, во предизборната кампања ветуваше дека нема да чепка зеленило.

Сепак, тој не си стои на зборот откако денеска околу пладне градежната механизација влезе на зеленилото кај Мајчин дом, во Општина Аеродром, пренесува „Радио МОФ“ Фактот дека ќе се гради висококатница на тоа место, го навлече гневот на аеродромци кои веднаш побараа оставка на градоначалникот Марин.

„Златко Марин веднаш да се повлече од функцијата, затоа што не успеа да го исполни ветувањето кое го даде на Аеродромци! Парцелата пред Мајчин дом денеска е оградена и започнува изградба на осумкатница“, бурно реагираа од иницјативата „Сакаме Аеродром да дише“.

Претходна статијаКако ги расипавме верските слави: правиме еден од најголемите гревови славејќи на овој начин
Следна статијаКонечно фатени заедно: Емина Јаховиќ и Садетин се шетале во оваа европска држава!