(ФОТО) Тешка сообраќајка кај Веро Тафталиџе, откорнат семафор, има и повредени

Две лица се повредени и префрлени во Ургентниот центар на комплексот клиники „Мајка Тереза” по сообраќајна несреќа што се случи денеска на булевар „Теодосиј Гологанов“.

Во сообраќајката учествувале автомобил марка „шкода“ и џип.

По ударот на двете возила, џипот завршил во пешакиот семафор во непосредна близина и целосно го откорнал.