Се запали факултетот во Тетово – пожарникарите пола час се бореле со огнената стихија

0

На 16.10.2018 година околу 23,55 часот во Тетово во Универзитет на Југоисточна Европа, во објектот – котлара, од страна на внатрешното обезбедување бил забележан пожар на кровната конструкција, при што истата целосно изгорела.

Во моментот на пожарот котларата не била во функција односно не работела и повредени лица нема. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Тетово во 00,15 часот пожарот бил локализиран.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Тетово. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Претходна статија(ВИДЕО) Сергеј Варошлија повторно „гаден на уста“: Овие гради треба да се спакуваат
Следна статијаГолемо незадоволство во МВР: Полицајците веќе од јануари бараат драстично поголеми плати