Скопјанец на работното место вчера бил пречекан од ,,метак”

Скопјанец нашол зрно од огнено оружје во угостителски објект каде бил вработен, па веднаш се јавил во полиција.

Во 22.40 часот во СВР Скопје, 34-годишниот А.Х. од селото Чајлане, скопско, пријавил дека околу 22.30 часот во угостителски објект на улицата „Јадранска магистрала“, каде бил вработен, нашол зрно од огнено оружје, информира МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Loading...