Да ви е страв да се возите во автобусите на ЈСП: Како на филм упаднале во „81“ и претепале четири лица

0

На 19.10.2018 година околу 20,50 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на автобуската постојка пред с.Чучер Сандево, во автобус на ЈСП со бр.81 кој сообраќал на релација Скопје-Долно Блаце неколку лица со цврсти предмети влегле во автобусот и ги нападнале А.Ф. (18) од с.Долно Блаце и уште три лица од кои две на 15 годишна возраст и едно 16 годишно лице, сите од с.Долно Блаце.

Екипа на Итна медицинска помош им укажала лекарска помош на местото на настанот, а А.Ф. и едно 15-годишно лице биле пренесени во комплексот клиники “Мајка Тереза“.

По настанот, повеќе жители од с.Долно Блаце изразиле револт на местото на настанот, но набргу се повлекле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна статијаНа Јеца Карлеуша и падна секирата во мед – Тошиќ и купил куќа од 2.5 милиони евра
Следна статијаГруби ја призна вистината за Мукоски, Арнаудов и Василевски