ФОТО: Стравични глетки на Стража – овци на сите страни по тешка сообраќајка на камион

0

Како што пренесува „Фокус“, страшна сообраќајка пред неколку моменти се случила на планинскиот превој „Стража“ каде што се превртел камион полн со овци.

Според очевидци, камионот се лизгал и се превртел, а во должина од 200 метри можат да се видат мртви овци, односно целиот пат изгледал како кланица.

Поради ова сообраќајот се одвива по само една лента, а во моментот полиција врши увид. Луѓето кои во моментот се нашле таму се преплашени и затекнати од случката. Се бара ветеринар да дојде на местото за да им помогне на овците.

Претходна статија„Денес залче во уста не сум ставил, можете ли да ми дадете некако гладта да ја ублажам“
Следна статија(ВИДЕО) Го запроси своето момче, му понуди пари и автомобил, но и едно барање – но интересното допрва следеше