Инцидент во автобусот 3-ка на ЈСП: Повредено 10-годишно дете

0

На 16.10.2018 година околу 11.00 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека 10-годишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во автобус број 3 на Јавното сообраќајо претпријатие на улица „Тодор Александров“.

Во моментот кога девојчето се симнувало по скали од вториот кат автобусот застанал и тоа паднало по скалите.

По незгодата, девојчето со друго возило било пренесено во Ургентен Центар – „Систина“ каде и биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна статијаМартин Мила: Немавме, како дете носев вреќа за ѓубре кога врнеше, наместо шушкавец
Следна статијаКаков потег: Своето богатство од 715 милиони го поклонува – троши 100 долари на месец, а телефонот не го менувал 17 години