Тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – повредените итно префрлени во „Мајка Тереза“

0

Возач и сопатник биле тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во центарот на Скопје.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22.30 часот, на крстосницата од улиците Аминта Трети и Коста Кирков. Автомобил „пежо 307“ со скопски регистерски таблици управуван од Г.Љ.(25) од Скопје се судрил со автомобил „голф“ управуван од С.Ј.(29) од селото Глумово.

Од ударот со повреди се здобиле возачот на „голфот“ С.Ј. и сопатникот од истото возило Б.С.(27).

Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во комплекс клиники „Мајка Тереза“. Според лекарите, возачот бил полесно повреден, а сопатникот се здобил со тешки повреди.

Претходна статијаДрама во Аеродром: Жена се породила и исчезнала, врие полиција и Брза помош
Следна статијаВисок функционер на ВМРО-ДПМНЕ проговори: Немаше странски служби, прислушуваше Сашо Мијалков