ФОТО: Искршено возилото на вујкото на Мартин Нешкоски

0

Горан Митаноски , вујко на Мартин Нешкоски момчето заради чија смрт се крена Шарената револуција за рушење на режимот на Никола Груевски, утринава го пронашол својот автомобил целосно искршен. Сите стакла се искршени, но од внатре ништо не е одземено. Настанот е пријавен во полиција, пишува Досие.мк.

Ова не е прв проблем на Митаноски. Неговото семејство е под постојан притисок од структури со кои полицијата не може да се справи. Пред дваесетина дена и синот на Митаноски бил нападнат на Кеј на потегот зад Влада.

Момчето одело на тренинг кога други момчиња го нападнале и ограбиле. Детето се обидело да се одбрани но кога видело дека еден од нив извадил нож се повлеколо.

Семејството на Митаноски не живее спокојно оти имале упад и во домот. Сите настани сите насилства се пријавени во полција но до сега ниту еден од нападите не е решен. Семејството не живее спокојно и секојдневно стравува што ќе се случи следниот ден или вечер.

Претходна статијаОд партијата не и простуваат: Нола Исмајлоска Старова под итно да го врати мандатот
Следна статијаГо стаписа цело жири: Кандидат во „Ѕвездите на Гранд“ јавно призна дека е вонбрачен син на познат пејач