Кога стан од 38 квадрати ќе се уреди за мерак, личи ко да е палата (ФОТО)

Ова шармантно станче наменето за студенти се наоѓа во Гетеборг, Шведска. Се простира на површина од само 38 метри квадратни, а е дел од една стара зграда која датира од 19-тиот век.

loading...

Станот е уреден во типичен скандинавски стил – светли ѕидови, елементи од природни материјали, минималистички мебел и високи прозорци кои овозможуваат одличен поглед кон надворешноста.

Сопствениците, покрај новиот мебел, во собата за дневен престој и спалната вметнале и неколку стари парчиња мебел кои им дават дополнителна убавина и топлина на просториите.

Во кујната и тоалетот, кои се комплетно реновирани, има едноставни бели плочки со кои се постинува чист ефект.

loading...