Антониа Гиговска одговори за критиките од Сергеј Варошлија (ФОТО)

0

Секој работен ден имаме прилика да ја гледаме емисијата „Мода“ на 1ТВ со Сергеј Варошлија. Модниот критичар го дава своето мислење за одредени модни комбинации на случајни минувачи, на корисници на социјалните мрежи, на нашите јавни личности.

Така некогаш под негова модна лупа може да се најдат и нашите познати личности меѓу кои Каролина Гочева, Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Лила Филиповска.

Сергеј ги коментира односно дава модна критика за случајни минувачи или пак фотографии од социјалните мрежи. Понекогаш дава позитивни коментари и добри модни совети, понекогаш не се согласува со нивната модна комбинација.

Во кратките приказни на „Инстаграм“, ја прашаа Антониа Гиговска што мисли за „нападите“ на Сергеј Варошлија, таа одговори:

„Па не би рекла дека тоа се напади туку мислење. Ако веќе вашиот профил е отворен, може да си дозволи секој да искоментира, па дури и јавно. Во светот тоа е нормално, но ние многу сме назад. Мене ми е мило што нешто ново се случува на нашава сцена и имаме што да гледаме. Дури и ние артистите да бидеме подржани од повеќе телевизии“, напиша Гиговска.

Претходна статијаТуристи во Грција најдоа торба со седум илјади евра – сопственичката се расплака
Следна статијаТамара Тодевска со порака се повлече од музичката сцена (ФОТО)