Туристи во Грција најдоа торба со седум илјади евра – сопственичката се расплака

Младиот британски пар, 24 годишниот Едвард Гибсон и 22 годишната Џесика Франк пронашле кеса во која имало 7.000 евра додека се шетале на улиците на грчкиот град Агиос Николаос на Крит.

-Се сопнав од нешто додека се шетавме покрај продавница. Воочив дека има многу хартија и тек подоцна сфативме дека се работи за пари. Ниту во еден момент не помислив дека треба да ги задржиме, раскажува Џесика за британски Сан.

Вреќата со износ од 7.000 евра ја пријавиле во полицијата на која и требало 20 минути да ја изброи точната сума на пари која се наоѓала во неа. Набрзо го откриле и сопственикот, односно сопственичката, 60 годишната жена која работела во продавницата.

Полицијата ги запознала Британците со сопственичката која ги дочекала во солзи, благодарна на нивниот племенит чин. Се претпоставува дека госпоѓата ќесата ја изгубила на пат до банка, а младиот пар порачува дека ги прави среќни што направиле нешто толку големо за некого.

Износот е 7.000 евра е просечна годишна плата во Грција.

Loading...