Советник на Заев: Мора да провериме добро пред да објавиме каде е Груевски

0

Советникот на премиерот Зоран Заев, Бојан Маричиќ во гостувањето во 1ТВ изјави дека секој податок што го имаат, пред да го објават како официјален мора да го проверат повеќе пати од повеќе извори.

-Затоа што за да излеземе со целосна информација знаете дека треба да се вклучат и информации кои што ги засегаат повеќе држави. Имаме ситуација во која што повеќе соседни држави се поминати од страна на Груевски.

Ние мораме точно како институција да утврдиме нивната улога и формална и политичка во проаѓањето на Груевски. Затоа што во моментот ќе излеземе со јасен став тоа може да има политички последици и дипломатски импликации, може да има трајно или пак периодично нарушување на односите со некоја држава.

Исто така мораме до крај да го расветлиме целиот пат и целиот однос на локалните власти, на националните власти на државите кај што тој поминал. И вклучувајќи ги и домашните институции, помагачи кои што можеле да му помогнат, одговори Маричиќ на прашањето на новинарот Сашо Ордановски, зошто владата се уште не излегува со официјални информации, а поминаа 8 дена.

Претходна статијаНе и е ли страв од вратка – Тања Савиќ од Австралија се скара со родителите
Следна статијаДа живееш во Европска земја, а да ти е шубе да прошеташ сама навечер