Ја изнервираа негативните коментари, па Дунавка на сред емисија стана и си отиде (ВИДЕО)

0

Контроверзната Дунавка Трифуновска која минатата недела беше топ тема на социјалните мрежи после гостувањето во „Бекстејџ“, вeчерва повторно беше дел од нивната емисија, но овојпат наместо да зборува за себе , ги читаше коментарите на „Фејсбук“ и навредите упатени на нејзина адреса по повод првичното интервју.

А навреди имаше мал милион… Видеото од емитуваниот прилог имаше над 10 илјади прегледи и стотици коментари, а по селекција на Миро Кацаров, кој го сработи и првичниот разговор со неа дел од нив беа прочитани јавно, а Дунавка имаше можност јавно да им одговори и возврати.

После седум минути поминати во студио и низа навреди и од страна на манекенката кон оние кои ја критикувале, Дунавка се изнервира, па реши да стане сред интервју и да ја напушти емисијата.

-Доста ви беше од мене, јас си одам, овие кои што ме коментираат не разликуваат што е човек, а што животно, тоа се е провинција, минат век -рече Дунавка во интервјуто. Какви други навреди паднаа и што ја изнервира за да стане и да ја напушти емисијата погледнете во видеото:

Претходна статијаЖарко Јордановски: Бегството на Груевски е “човечка” одлука, нашите во дијаспората би сакале свој Павелиќ
Следна статијаЈанушев им се извини на новинарите за навредата дека биле загари на Заев