Фолк ѕвездата Миле Кузмановски го подготвува својот десетти по ред албум.
За „Фокус“ раскажува дека со нескриен жар работи на новите материјали, а дел од песните кои ќе се најдат на новиот албум веќе биле снимени.
-Последниот албум ,,Крал без круна” го снимив пред пред околу четири, пет години и задоволен сум од реакциите, од тоа што песните останаа да живеат. Обично, не сакам да коментирам во јавност пред некоја работа целосно да се заврши, но да, снимам нов албум.
Сега, на новите материјали исто така работам со одлична екипа, голем дел од авторите на песните се млади и надежни луѓе, значи со млади сили одам напред. Ќе има неколку балади, кои се неизоставен дел од мојот репертоар, но и побрзи, весели песни. Најверојатно, десет, можеби и повеќе ќе се најдат на албумот.
Едвај чекам да влезам во студио, ќе започнеме со снимање на спот за една од новите песни, а во план ми е снимање и на повеќе спотови во иднина – раскажува музичарот, познат во јавноста како изведувач на најубавите фолк балади.
Околу тоа дали верува дека некоја од новите балади ќе го надмине во слушаност неговиот хит ,,Не кани ме”, тој вели дека се сомнева како такво нешто може да се случи, но сепак открива дека новите балади си имаат своја вредност, и ќе си го најдат патот до слушателите.
Целото интервју може да го прочитате тука