Драгана Мирковиќ се омажи со сопругот Тони во 2000-та година, а среќните маладоженци на за нив големиот ден не ги симнуваа насмевките од своето лице. Сепак, како што истакна фолк пејачката, на нејзината венчавка сепак нешто недостасувало… нешто што многу и фалело.
„Кога ме побара, реков “ДА” и дома испратив само една фотографија на која сме јас и Тони. Склопивме брак во општината, направивме скромна прослава. Беше тоа време на санкции, никој од моето семејство не можеше да дојде бидејќи не можеа да добијат виза.
Тони е австриски државјанин од раѓање, ама јас не сум, и затоа не можев да обезбедам визи за моето семејство, за татко ми, мајка ми, сестра ми. И поради тоа имавме само скромен број на гости“ – изјави неодамна Драгана, додавајќи:
„Дури и од семејството на Тони не можеа да дојдат сите. Така што бевме едвај дваесеттина од нас, но без оглед на тоа, за мене беше најубавото и и најромантична свадба, бидејќи јас сум искрено вљубена и сакав само да бидеме среќни… За мене во тој момент тоа беше доволно, иако навистина семејството ми недостигаше“ – откри неодамна Драгана.