Пеце Наумовски и Марјана Станојковска во љубовна врска, а оваа информација е објавена во „Ексклузив“ на 1тв. Поранешниот кошаркар и една од нашите најпознати водителки веќе неколку години се во голема, но тајна љубов.
Нивната љубов започнала уште од пред пет или шест години, но двајцата се во договор тоа да биде тајно и што е можно подалеку од очите на јавноста.
Кога сме кај Пеце Наумовски да кажеме дека тој е кошаркарска легенда на Македонија кој моментално е претседател на МКФ. Пеце во минатото беше оженет со Сања Обрадовиќ со која има и деца, но веќе долги години се разведени