Откриени нови моменти: Виновник за несреќата на Дарко Лазиќ е негов пријател

0

Дарко Лазиќ доби тешки повреди во сообраќајната незгода минатиот вторник затоа што возел неисправно возило, пренесува svet.rs. Фолк-пејачот пред неколку месеци од пријател го купил автомобилот, кој бил „нашминкан“ и дотеран само однадвор. Токму затоа, за време на сообраќајката, воздушното перниче не се отворило, а кое на Лазиќ значително би му ги ублажило повредите.

Дарко често ги менува автомобилите, кои отсекогаш му беа страст. Пред една година купи џип, кој го возеше некое време, а пред летото го продаде и купи нешто поатрактивно – црниот кабриолет. Му се допадна што има подвижен покрив и пријателот му го понуди по поволна цена, што беше доволно да се одлучи за ова возило.

Подоцна се воспостави дека станува збор за автомобил што веќе бил искршен во сообраќајка, па потоа само нашминкан и подготвен за продажба“, раскажува близок пријател на Дарко, кој е убеден дека пејачот ќе поминел многу подобро доколку навреме проверел што вози.

Не му се отворило воздушното перниче, а тоа мора да се отвори при секој удар. Тоа значи дека возилото е хаварирано, па крпено, заклучува пријателот.

Претходна статијаНова кривична пријава за Љубен Арнаудов, пратеникот од ДПМНЕ кој гласаше за уставните промени
Следна статијаМарјана Станојковска сака постари момци: Во љубовна врска со македонската кошаркарска легенда