Новинарот и аналитичар, Васко Ефтов во ссвојата најнова емисија „Во Центар“ која има насов „Со уценети пратеници не се менува име“ потенцира дека судбината на државата која има Библијско име, Македонија не може да се стави на плеќите на девет до 12 уценети пратеници.
Тоа констатација на Ефтов е лајт мотив на неговата последна емисија во која тој прави интервју со претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, а се опфатени и делови од интервјуто со политичките аналитичари Алајдин Демири, Александар Генчов и Проф. д-р Златко Кескоски, со поранешните премиери, Љубчо Георгиевски и Владо Бучковски, дел од интервјуто со поранешниот претседател, Киро Глигоров, како и анализи на Ефтов од гостувањата во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа.
Овие инкорпорирани парчиња од интервјуа на оваа тема, кои биле обработувани во некои претходни емисии, претставуваат еден потсетник низ што сè поминавме и низ што сè ќе поминеме како држава, и дека сето ова што ни се случува не ни е паднато од Господ.
Исто така, Ефтов истакнува дека, за да ја знаеме нашата иднина, треба да го проучиме нашето минато, односно дека „Историјата е политика што се случила во историјата, но ако не ја проучиме историјата, нема да можеме да ја процениме ни иднината“.
Погледнете ја целата емисија „Во Центар“: