Пратеникот Антонио Милошоски деновиве ги надминал сите предходни недоразбирања со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и му дал апсолутна поддршка за водење на партијата во критичните моменти за Македонија во пресрет на промената на уставот, претседателските избори и еветуалните предвремени избори, објави Експрес.
Милошоски неофицијално е еден од незадоволните потенцијални кандидати за лидер на ВМРО – ДПМНЕ кој лани во декември не беше задоволен од начинот на кој што беше организиран конгресот на ВМРО – ДПМНЕ. Според информациите на Експрес, Милошоски е задоволен од начинот на кој што Мицкоски ја води партијата „во тешките моменти за Македонија и ги понудил сите свои капацитети за идната битка на опозицијата против владеачката коалиција“.
Токму поранешниот министер за надворешни работи ја водеше прес конференцијата во петокот на која беше побарано СДСМ и ДУИ да закажат гласање за уставните измени.
Милошоски е еден од највлијателните пратеници во партијата и единстѕвениот кој се декларираше како член на движењето „Бојкотирам“.